Одбележан Светскиот ден на здравјето

0

Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април, на годишнината од основањето на Светската здравствена организација. Секоја година се иницира здравствена тема која ги поврзува луѓето од целиот свет.

Годинава, темата на која е посветена кампањата е Примарната здравствена заштита.

Свој говор одржа Претседателот на Македонското лекарско друштво, д-р Горан Димитров, Министерот за здравство, Венко Филипче, како и претставникот на светската здравствена организација во Северна Македонија, Жихан Тавила.

Министерот Филипче се осврна на важноста од примарната здравствена заштита, особено во делот на вакцинирањето, при што потенцираше дека со акцијата која ја спроведе министерството, дури 75% од невакцинираните деца биле вакцинирани и дека во иднина државата ќе ги продолжи мерките со незапишување во училиште и градинка на невакцинирани деца, бидејќи тоа дало резултат.

Министерот Филипче исто така, ја искористи приликата да им се заблагодари на сите кои учествуваа во спасувањето и давање стручна помош на повредените од големата автобуска несреќа во месец Февруари.

По повод 7. Април, лекарското друштво го додели највисокото признание, Повелбата Д-р. Трифун Пановски, за искллучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита.

Признанието оваа година го добија: проф. д-р Драган Даниловски, раководител на Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, проф. д-р Соња Топузовска, декан на Медицински факултет, проф. д-р Даница Лабудовиќ, професор по биохемија на Медицински факултет и проф. д-р Васо Талевски, професор по микробиологија на Медицинскиот факултет во Штип.

Главниот и одговорен уредник на порталот Доктори, проф. Д-р Драган Даниловски, редовен професор на Медицинскиот факултет Скопје, е годинешен добитник на Повелбата д-р Трифун Пановски, која се доделува за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита.

Публикувахте от Доктори.мк в Четвъртък, 4 април 2019 г.